Свет

Трамп може, но нема да го депортира Илoн Маск

Мултимилијардерот е роден во Јужна Африка. Веќе некое време се шпекулира дека тој е нелегално во Соединетите Држави

 

Се вжешува кавгата меѓу американскиот претседател и мултимилијардерот Илон Маск.

Трамп предложи Одделот за владина ефикасност (DOGE) на чие чело до неодамна беше Маск, да ги разгледа субвенциите што ги доби извршниот директор на Тесла.

Коментарите на Трамп доаѓаат откако Илон Маск ги обнови своите критики за предлог-законот за намалување на даноците и трошење што го предложи Трамп.

„Илон добил повеќе субвенции од која било друга личност во историјата, досега, а без субвенции Илон веројатно би морал да го затвори својот бизнис и да се врати дома во Јужна Африка.

Нема повеќе лансирања на ракети, сателити или производство на електрични автомобили и нашата земја би заштедила богатство. Можеби треба да го натераме Одделот за владина ефикасност добро и внимателно да го разгледа ова? Може да се заштедат огромни трошоци!!!“ напиша Трамп во објава на Truth Social.

Како одговор на прашање на новинар, Трамп ја допушти можноста Маск да биде депортиран од Соединетите Држави.

„Ќе го разгледам тоа“, одговори тој. Пред еден месец, поранешниот советник на Трамп, Стивен Банон, повика на депортација на Маск.

Маск е роден во Јужна Африка. Веќе некое време се шпекулира дека тој е нелегално во Соединетите Држави.

Трамп рече дека DOGE е „чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Илон“.

Според него, Маск е „вознемирен што изгубил во производството на електрични автомобили, но би можел да изгуби многу повеќе од тоа“. „Кој сака електричен автомобил? Јас не сакам електричен автомобил. Тие експлодираат“, рече Трамп, кој пред неколку месеци свечено покажа во дворот на Белата куќа дека има Тесла.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top