Свет

Трамп не знае дали ќе оди во Рајот

„Можеби не сум создаден за рајот. Можеби веќе сум во рајот сега..“ изјеви американскиот претседател

Пред денешната размена на израелски заложници за палестински затвореници, американскиот претседател беше прашан во авионот дали мисли дека неговите мировни напори ќе му помогнат да влезе во рајот.

„Не мислам дека има нешто што може да ме однесе во рајот“, се пошегува тој.

Трамп: Ѝ помагам на Украина за да одам во рајот

„Можеби не сум создаден за рајот. Можеби веќе сум во рајот сега, … Не сум сигурен дали ќе стигнам во рајот, но го направив животот многу подобар за многу луѓе“.

Трамп за иднината на Газа рече :

„Сега изгледа како градилиште, но со текот на годините ќе биде прекрасно“. На прашањето на новинарите за неговата претходна идеја да ја претвори Газа во „ривиера“, Трамп рече дека тоа нема да биде можно некое време, истакнувајќи дека градот е целосно уништен.

„Урната е, изгледа како градилиште по уривање. Мора да се ослободите од она што е таму сега“, рече тој, осврнувајќи се на уништените и срамнети со земја згради во Газа.

На прашањето како ја гледа Газа за една година, Трамп одговори: „Една година е кратко време, но со текот на времето ќе изгледа многу добро“. Тој исто така рече дека би сакал да ја посети Газа.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top