Свет

Трамп пак посакува да добие „Нобелова“ за мир

Лани не ја доби наградатаиако беше номиниран од лидерит на Камбоџа, Израел и Пакистан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека треба да ја добие Нобеловата награда за мир. Сепак, тој останува скептичен дека тоа ќе се случи, пренесуваат медиуми.

По враќањето во Белата куќа, Трамп постојано истакнува дека ја заслужува оваа најпрестижна светска награда.

Минатата година, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир, но му го предаде својот медал на Трамп додека бараше поддршка од САД. Трамп не ја доби наградата во 2025 година, иако беше номиниран од лидери на Камбоџа, Израел и Пакистан.

„Моментот се приближува“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „За мене беше голема чест што минатиот пат индиректно го добив тоа признание од самиот лауреат, кој изјави дека никој во историјата не го заслужува повеќе од претседателот Трамп“, истакна тој.

Американскиот шеф на државата рече дека нема претстава каква ќе биде одлуката на Норвешкиот Нобелов комитет. Според него, организацијата е позната по тоа што ја доделува наградата за мир на луѓе како него.

Четворица американски претседатели досега добиле Нобеловата награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудроу Вилсон, Џими Картер и Барак Обама. Таа му беше доделена и на еден потпретседател – Ал Гор.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top