Доналд Трамп вчера потпиша меморандум со кој се стреми значително да го зголеми бројот на комерцијални вселенски лансирања од Соединетите Американски Држави. Документот предвидува низа мерки што треба да ги спроведат американските владини агенции. Белата куќа сака да овозможи најмалку 1.000 лансирања и враќања од вселената годишно до 2030 година.
Трамп, исто така, сака да врати американски астронаути на Месечината до 2028 година.
Меморандумот ѝ наложува на НАСА да овозможи комерцијален транспорт до Месечината и комерцијален роботски пристап до Марс и да истражи комерцијални опции за испраќање луѓе на Марс.
Директорот на Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, Мајкл Крациос, рече дека новата национална политика за вселенски транспорт реагира на момент на експлозивен раст и ја позиционира Америка како лидер на следната ера на истражување на вселената.
Крациос додаде дека новата национална политика предвидува пристап кој е првенствено комерцијален и кој би им овозможил на Американците да се вратат на Месечината до 2028 година,до 2030 да ги распоредат првите елементи на лунарната база и да имаат брз и отпорен капацитет за лансирање за цели на националната безбедност, пишува Ројтерс