Свет

Трамп со закана: 200 проценти царини за француските вина и шампањ

Ова би требало да го принуди францускиот претседател Макрон да се придружи на иницијативата на Трамп „Одбор за мир“за решавање на глобалните конфликти

 

Американскиот претседател Американскиот претседател ѝ се закани на Франција со високи царини за вино и шампањ откако Париз ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Одбор за мир“.

Според него, ова би го принудило францускиот претседател Емануел Макрон да се придружи на иницијативата на Трамп за решавање на глобалните конфликти – Одборот  за мир, објави „Економски тајмс“.

„Ќе воведам царина од 200% за неговите вина и шампањ и тој ќе се придружи, но не мора да се придружи“, рече американскиот претседател.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро првично ја одби поканата на Трамп во понеделникот. Франција мора да каже „не“ бидејќи повелбата на овој „Одбор за мир“ оди подалеку од рамките на Појасот Газа, а со тоа и од мировниот план поддржан од Обединетите нации, им рече Баро на пратениците.

Опкружувањето на Макрон, исто така, соопшти дека иницијативата на Трамп покренува прашања, особено во врска со „почитувањето на принципите и структурата на Обединетите нации“. Овие принципи не смеат да бидат доведени во прашање под никакви околности. Франција е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

„Одборот за мир“ќе биде доживотно претседаван од Трамп и ќе започне со испитување на конфликтот во Газа, а потоа ќе биде проширен за да се справи со други конфликти, покажуваат копија од писмото и нацрт-повелбата.

Трамп покани 60 земји да се приклучат на „Одборот за мир“.

„Одборот за мир“ првично беше формиран за да ја надгледува обновата во Појасот Газа. Меѓутоа, повелбата на осум страници, на иницијативата не ја споменува конкретно палестинската територија.

За постојано место во „Одборот за мир“ на Трамп, земјите членки треба да платат повеќе од една милијарда долари. Оние кои нема да платат имаат право само на тригодишно место во тоа тело.

Најнови вести од: Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

To top