Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека САД би можеле да ја завршат својата воена кампања против Иран во рок од две до три недели.
„Ќе си заминеме многу наскоро“, им рече тој на новинарите во Овалната соба на Белата куќа, додавајќи дека повлекувањето би можело да се случи „во рок од две недели, можеби две недели, можеби три“.
Ова е најјасна изјава на Трамп досега дека има намера наскоро да ја заврши едномесечната војна што го „преуреди“ Блискиот Исток, ги наруши глобалните енергетски пазари и ја промени траекторијата на претседателствувањето на актуелниот републикански претседател, јави Ројтерс.
Последици од нападот, во Техеран
Трамп додаде дека Техеран не мора да склучи договор со Вашингтон за да го заврши конфликтот.
„Иран не мора да склучи договор, не“, рече тој кога беше прашан дали успешната дипломатија е предуслов за САД да го намалат конфликтот.
„Не, тие не мора да склучат договор со мене“.
Наместо тоа, рече Трамп, условот за намалување на операцијата беше Иран да биде „ставен во камено доба“, без можност наскоро да се здобие со нуклеарно оружје.
„Тогаш ќе си одиме“, рече тој.