Свет

Трамп: Воздушниот простор над Венецуела ќе биде целосно затворен

Порака до сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе

Воздушниот простор над и околу Венецуела ќе биде целосно затворен. Оваа информација ја потврди американскиот претседател Доналд Трамп.

„Порака до сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе: Ве молиме размислете за целосно затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.

Се очекува и да бидат воведени нови мерки за борба против трговија со дрога од страна на администрацијата на Трамп. Иницијативата за воведување на мерки следува по обвинението на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека има улога во бизнисот со наркотици, односно шверц на дрога во САД, иако Мадуро го негира тоа.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top