Свет

Турција: Над 14.000 луѓе повредени на првиот ден од Курбан Бајрам

  Повеќе од 14.000 луѓе кои беа повредени за време на колењето на жртвени животни по повод Курбан Бајрам се обратија во медицинските центри во Турција. Ова го објави министерот за здравство на земјата, Кемал Мемисоглу, на социјалната мрежа X. Најмногу повредени имаше во Анкара – 1.049 лица, во Истанбул – 753 лица, во Коња […]

 

Повеќе од 14.000 луѓе кои беа повредени за време на колењето на жртвени животни по повод Курбан Бајрам се обратија во медицинските центри во Турција.

Ова го објави министерот за здравство на земјата, Кемал Мемисоглу, на социјалната мрежа X.

Најмногу повредени имаше во Анкара – 1.049 лица, во Истанбул – 753 лица, во Коња – 655 лица, во Газиантеп – 634 лица и во Маниса – 572 лица.

Вкупно, инцидентите се случиле во 81 провинција, наведува Сабах, а пренесува Њуз.бг..

Во 2024 година, околу 16.000 луѓе во Турција имаа потреба од медицинска помош по повредите добиени за време на принесување жртви/животни на првиот ден од Курбан Бајрам.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top