Свет

Убиецот кој изврши масакр во канадско училиште бил жена родена како маж

Џеси Ван Рутселар, поранешниот ученик кој изврши масакр во средното училиште Тамблер Риџ, е трансродов 18-годишен ученик кој го напуштил средното училиште.

Џеси Ван Рутселар, поранешниот ученик кој изврши масакр во средното училиште Тамблер Риџ, е трансродов 18-годишен ученик кој го напуштил средното училиште.

Пред да тргне во крвавиот поход во училиштето во канадската покраина Британска Колумбија, каде уби шест лица , тој ги убил мајка си и полубратот во нивниот дом.

Фотографиите од него што неговото семејство претходно ги објави сега се објавени за прв пат.

На една вознемирувачка фотографија, Ван Рутселар позира со пушка.

ПО убиството на мајката и полубратот Ван Рутселар го продолжил своето крваво дивеење во средното училиште, каде што властите велат дека починал од самонанесена прострелна рана.

Заменик-комесарот на Кралската канадска коњичка полиција, Двејн Мекдоналд, рече дека Ван Рутселар е „роден како биолошки маж… кој се трансформирал во жена пред околу шест години и се идентификувал како жена“.

Ван Рутселар ѝ бил познат на полицијата. Полицајците го посетиле семејниот дом неколку пати во текот на годините поради загриженост за неговото ментално здравје, рече Мекдоналд.

Претходно од куќата беше запленето и огнено оружје, но законскиот сопственик – кого Мекдоналд не го именуваше – успешно поднесе жалба за враќање на оружјето.

Во училиштето беа пронајдени пушка и пренаменет пиштол, но не беше јасно дали станува збор за истото оружје што беше запленето претходно. Во првото предупредување за вооружениот човек, издадено од властите во вторник попладне, напаѓачот беше опишан како „жена во фустан“.

Шест лица беа пронајдени мртви во училиштето, а телата на неговата мајка, идентификувана како 39-годишната Џенифер Странг, и неговиот 11-годишен полубрат беа пронајдени во нивниот дом.

Околу 25 други лица беа ранети во хаотичното пукање. Преплашените ученици и наставници раскажуваа како се забарикадирале во училниците повеќе од два часа пред да бидат изнесени од училиштето.

Овој масакр може да се рангира меѓу најсмртоносните во канадската историја.

Во 1989 година, вооружен човек уби 14 студенти во Политехничкото училиште „Л’Екол“ во Монтреал.

Канада спроведе строги мерки за спречување на ширењето на оружјето по масовните пукања, вклучително и неодамнешното проширување на забраната за оружје за напад.

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

 

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

To top