Свет

Украина со европски пари купува ракети од САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на 3.350 воздушни ракети со проширен дострел (ЕРАМ) на Украина, со дострел од 250 до 450 километри.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на 3.350 воздушни ракети со проширен дострел (ЕРАМ) на Украина, со дострел од 250 до 450 километри. Според „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на двајца високи американски функционери, одлуката била донесена минатата недела.

Оваа зделка е дел од пакетот за воена помош од 850 милиони долари, главно финансиран од европски земји, кој опфаќа и други видови оружје. Сепак, спроведувањето на договорот е одложено до завршувањето на самитите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, известува весникот. Се очекува ракетите да бидат испорачани на украинските вооружени сили во рок од шест недели. Извори за „Џорнал“ нагласуваат дека Киев ќе мора да добие дозвола од Пентагон за нивна употреба.

Весникот потсетува дека за време на администрацијата на Бајден, Украина добила стотици ракетни системи АТАЦМС. Првично, Вашингтон наметна ограничувања за нивна употреба против цели во Русија, но овие ограничувања беа укинати на есен 2024 година, откако севернокорејски сили се вклучија во војната на страната на Москва. Последните серии од овие ракети, одобрени за време на Бајден, пристигнаа во Украина во пролетта 2025 година, но според американски официјални лица, Киев моментално располага со ограничена залиха на овие системи.

Од друга страна, „Џорнал“ истакнува дека Пентагон со месеци ги спречува обидите на Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија. Според извори, Киев барем еднаш побарал дозвола за употреба на АТАЦМС против цел во Русија, но барањето било одбиено. Причината, според изворите, била намерата на Белата куќа да избегне ескалација на конфликтот и да ја убеди Москва да преговара.

Во јули, Трамп изјави дека нема намера да испорачува ракети JASSM со долг дострел на Украина, нагласувајќи дека Зеленски „не треба да ја напаѓа Москва“. Сепак, на 21 август, неговата позиција се промени откако руски ракети погодија фабрика на американска компанија во Закарпатија. Трамп ја спореди ситуацијата во Украина со спортски тим кој добро се брани, но не може да нападне. „Невозможно е да се победи под такви услови“, рече тој, обвинувајќи го својот претходник дека не му дозволил на Киев да дејствува на руска територија.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top