Свет

Вајц: Иако требаше, Македонија се’ уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ 

Иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството

Фото: Европски парламент
Фото: Европски парламент

Мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество.

Мекедонија некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави синоќа австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година, пренесе МИА.. 

„Каде е Словенија денес, а што се случи со С* Македонија? Па, имаше некои пречки на патот. Пречки поврзани со историјата, пречки поврзани со војните од минатиот век, пречки со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно, додаде Вајц.

Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.

„Ако ги погледнете како партнери на Европската Унија, тие се наш доверлив партнер. Ја споделуваат нашата заедничка надворешна и безбедносна политика сто отсто, се приклучија кон НАТО, се придружија на заедничките напори што ги имаме во Европската Унија. Денес, кога ние Европејците сфаќаме оти треба сами да ја браниме нашата судбина и дека ние Европејците треба да стоиме заедно во светлината на она што се случува глобално, мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на С. Македонија“, рече австрискиот европратеник

Вајц нагласи дека Извештајот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнување, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

„Во извештајот многу се зборува за уставните измени, што се бараат за да може да започнат пристапните преговори. Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското, рече Вајц.

Тој потенцира дека во документот се говори и за економската состојба, која, како што рече, има позитивни страни, но и недостатоци, како и за недоволното искористување на поддршката што доаѓа од Европската Унија, во услови кога за земјата е многу важно да инвестира во стручни кадри и да ги задржи оние кои покажаа дека умеат.

-„Таа земја е полна со неверојатно природно наследство, планини, езера, културни знаменитости, но за жал, земјата е исто така полна со отпад, нелегални депонии и загадување. Да, има подобрување на ситуацијата, но сепак има и многу да се направи“, заклучи Вајц.

Тој истакна дека граѓанското општество во земјава има услови за работа, но дека е видливо и странско влијание против кое мора да се бори, без разлика дали е тоа руско, кинеско, саудиско, српско или од каде и да е, бидејќи луѓето треба сами да одлучат за својата судбина. Во тој, контекст, според него во документот се говори и за медиумите, за потребата од транспарентност во сопственоста на медиумите, како за потенцијалот што го има земјата.

„ Овој Извештај претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ и се надевам дека утре на гласањето ќе го поддржат многумина од вас. Ќе го поддржат пристапувањето на С* Македонија во Европската Унија или барем следниот чекор што можеме да го направиме на конструктивен, заедничка и проевропски начин“, додаде Вајц.

Најнови вести од: Свет

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

To top