Свет

Во 1927 година се изјаснил како Македонец во Австралија (австралиски архиви)

Селото Бапчор од каде потекнувал, во 1928 година броело 839 жители., а во 1840-та имело 854 жители -. денеска не постои

Васил Боршов, од сеотото Бапчор – Егејска Македонија, во далечната 1927 година поднел барање до властите на Австралија за семејно обединување со сопругата Василија.

Во документот поднесен до австралиските власти, тој го наведува оригиналното име на македонското село и националноста – Македонец.

Боршов, што го именува своето село со оригиналното име, Бапчор, а не „Вапцори“, како што го нарекуваа Грците и многу пред селото да биде преименувано во „Пеминикон“ во големата акција на погрчување на имињата на населените места со Македонци од страна на грчките власти.

Селото Бапчор кое во 1928 година броело 839 жители., а во 1840-та имело 854 жители -.денеска не постои.

Од селото денес е останата само црквата  Свети Ѓорѓи со заѕидана врата…

 

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top