Македонија

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

„Експрес.мк.“ ги пренесува покарактеристичните делови на ова интервју.

Затворите во Идризово и во Шутка, каде има поголем шверц?

Па во Идризово, но има подобрување во делот на шверцот. Ако ме прашате дали е задоволителна состојбата, секако не е. Има телефони и дрога, одговорно тврдам дека таму има затворски полицајци што не треба и не заслужуваат да ја носат таа униформа и на неа да стои затворска полиција и Македонија. Но работиме да ја подобриме состојбата. Минатата година за 6 месеци Интервентната единица при претресите најде 1.200 телефони во затворите низ државава. Во Хрватска 2023 година при огромен број претреси беа најдени 26 телефони.

А кој шефува со тој шверц, кој командува и кој ги држи тие полицајци за кои велите дека не ја заслужуваат униформата. Кој со кого соработува, директорите со полицијата, а таа со осудениците или?

Директорите се вмешани, но полицијата со осудените лица, сигурно и тоа е практика, која сме ја имале и претходно. Еве ако земате плата од 1.000 евра и по пат на корупција успеете да заработите уште толку, и вие се навикнувате на скапи одмори, на брзи и лесни пари, на добри превозни средства, на скапа гардероба.. И сега се променила власта и вие треба да се откажете од сето тоа.

Да, но затоа постојат институциите и нивна обврска е тоа да го сопрат, нели, треба да се бориме против корупцијата, а не да навикнуваме на брзи и лесни пари.

Ние, односно јас и најголемиот број на директорите на затворите, максимално работиме да ја сузбиеме таа корупција и да ја доведеме на некое минимално ниво, бидејќи невозможно е целосно да ја искорените. Со претресите од Интервентната полиција имаме голем напредок во овој поглед. Работиме и на тоа во поголемите затвори да направиме Единица за затворско разузнавање, а нивната задача ќе биде добивање информации од луѓе што се занимавале со тероризам, со верски радикализам, повратници од странски боишта. Минатата година се направија измени во Законот за извршување санкции, но и ова само се одложува. Се надевам дека и ова ќе биде изгласано брзо. Многу често пуштав припадници на интервентната полиција да влегуваат во еден затвор и што се случи? Само се зголеми побарувачката и цените на мобилните телефони што се внесуваа. Ако претходно мобилен телефон се внесувал за 200 евра, по ова таа цена порасна на 500 евра и повеќе.

Им го „процветавте“ бизнисот на шверцерите?

Да, дословно да. И сѐ додека има такви затворски полицајци што се корумпирани и додека тие не бидат сместени од другата страна на решетките, ќе го имаме овој проблем. Кога дојдов на функција, зградата на полуотвореното одделение во затворот во Идризово, ново и суперфункционално, беше полупразно. Зошто? Затоа што таму имаше затвореници што по нивниот третман требало да бидат во затворено одделение, а биле сместени во полуотворено одделение и ги истепале сите, се вмрежиле со затворските полицајци и никој, ама никој не сакаше да биде сместен таму, бидејќи ако ве сместат таму, знаете дека ќе ве тепаат, ќе ве рекетираат. Сега тоа не е така. Морам да напоменам дека одредени затвореници се однесувале како во хотел. Сега тоа го нема и секој затвореник е сместен каде што треба. Не постојат повеќе шерифи на затворите, не постои некој што е газда.

Значи имало осуденици што биле поголеми затворски полицајци и од самата полиција на затворите?

Да, точно така беше. Но сега веќе тоа го нема.

За колку пари се шверцуваат мобилни телефони по затворите?

Па, за сума од 100 евра па нагоре. Тоа се цените колку што ми е познато за шверц на мобилни телефони. Да се разбереме дека осудениците 24/7 размислуваат како да го излажат затворскиот систем. Ако јас 15 часа размислувам како да го подобрам, тие 24/7 мислат како да го излажат затворскиот систем. Тоа на нив им е дом и точно го знаат секое дупче на затворот, умеат да се зближат со затворските полицајци и точно знаат кој може да им биде соучесник. Минатата година имавме околу 100 нови затворски полицајци. АНБ правеше проверки и кога дојдов на позицијата директор, имаше поранешни затвореници кои беа затворски полицајци. Дали е можно? Можно е, да, такви луѓе им беа вработени. Сега тоа многу темелно се проверува и не можете да вработите кого било.

Целото интервју тука

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Најнови вести

To top