Свет

Во моментов нема потреба од средба Путин-Трамп

Хипотетички кажано, тоа е можно, но, во моментов нема потреба од тоа – рече Песков

Можно е брзо да се договори средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но за тоа во моментов нема потреба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Хипотетички кажано, тоа е можно, но, во моментов нема потреба од тоа – рече Песков.

Тој оцени дека сега е потребна напорна работа за украинското решение.

Претседателите на Русија и на САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да почнат подготовки за состанок, по телефонските разговори на 16 октомври. На 23 октомври Трамп неочекувано објави дека самитот е одложен на неодредено време, тврдејќи дека нема да може да се постигне „она што е потребно“ до предвидените датуми.

Песков изјави и дека Русија е заинтересирана за мирно решавање на конфликтот меѓу Венецуела и САД.

– Секако, ние сакаме сè да биде на патот на мирот и да не се појават нови конфликти во регионот. Светот е веќе полн со конфликтни ситуации. Нови конфликти не ни се потребни – рече Песков по повод информациите дека под закана од САД, венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал ракети, радари и авиони од својот руски колега Путин.

Најнови вести од: Свет

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top