Свет

Воена состојба во Пакистан: Талибанска сенка над Исламабад уби најмалку 12 лица(ВИДЕО)

Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред судница во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви.

Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред судница во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви. Неколку луѓе се ранети, а некои се во критична состојба, изјави болнички извор.

Напаѓачот утрово се обидел да влезе во судската зграда, но ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило, откако чекал таму 10 до 15 минути, изјави министерот Накви на местото на настанот.

– Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад – рече министерот.

Експлозијата се случила во близина на влезот на Окружниот суд во Исламабад, кој обично е преполн со луѓе.

Видеата и фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат луѓе облеани во крв како лежат покрај полициско возило.

Експлозијата предизвика паника, а безбедносните сили ја затворија областа, предизвикувајќи застој на сообраќајот на клучните патишта.

– Бевме во судот кога слушнавме оглушувачка експлозија. Сите се исплашија и луѓето почнаа да трчаат во сите правци. Беше застрашувачка сцена, а хаосот избувна веднаш по експлозијата – изјави очевидец.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари го осуди нападот и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Министерот за одбрана Хаваџа Асиф предупреди дека земјата е во „воена состојба“.

– Овој напад треба да се смета за повик за будење во односите со Авганистан, напиша Асиф на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека „доаѓа од Кабул“.

Иако никој сè уште не ја презеде одговорноста, безбедносни извори велат дека нападот ги покажува карактеристиките на операција на милитанти поврзани со авганистанските талибанци и со Индија. Пакистан се соочува со нов бран исламистичко насилство во последните 3 години, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година. Исламабад долго време го обвинува Кабул дека им нуди засолниште на милитантните пакистански талибанци, тврдење што авганистанските власти цврсто го негираат.

Овој напад се случува неполни 24 часа после вчерашниот терористички напад во Индија

Автомобил експлодира во Њу Делхи, најмалку 8 жртви

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top