Свет

За 6 недели 875 загинати на хуманитарните центри во Газа

Pовеќето од убиените биле во близина на локациите на Хуманитарниот фонд за Газа (GHF), додека околу 200 луѓе биле убиени по рутите на другите хуманитарни конвои

Канцеларијата за човекови права на ОН вчера соопшти дека регистрирала најмалку 875 убиства во изминатите шест недели на хуманитарните центри во Газа управувани од Хуманитарниот фонд за Газа – кој е поддржан од САД и Израел – и во конвои управувани од други хуманитарни групи, вклучувајќи ги и Обединетите нации.

Повеќето од убиените биле во близина на локациите на Хуманитарниот фонд за Газа (GHF), додека околу 200 луѓе биле убиени по рутите на другите хуманитарни конвои.

GHF користи приватни американски компании за обезбедување и логистика за испорака на залихи во Газа, во голема мера заобиколувајќи го системот управуван од ОН.

GHF не одговори веднаш на барањето за коментар за најновите бројки на ОН.

„Бројките што ги имаме се базираат на наши сопствени информации собрани преку разни сигурни извори, вклучувајќи медицински организации за човекови права и хуманитарни организации“, изјави Тамин Ал-Китан, портпарол на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, за новинарите во Женева.

Обединетите нации го нарекоа моделот на помош на GHF „по природа небезбеден“ и кршење на стандардите за хуманитарна непристрасност.

GHV вчера соопшти дека од крајот на мај доставил повеќе од 75 милиони оброци за Палестинците во Газа и дека Хамас или криминалните банди „ја ограбиле речиси целата помош“ од други хуманитарни групи.

Најнови вести од: Свет

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

Најнови вести

To top