Свет

За литар пиво, повеќе од 15 евра на „Октоберфест“

Се очекува фестивалот да го посетат 6-7 милиони луѓе во следните две и пол недели

Во Минхен вчера стартуваше 190-то издание на Октоберфест, кој ќе трае до 5 октомври

Се очекува фестивалот да го посетат 6-7 милиони луѓе во следните две и пол недели. Повеќето посетители доаѓаат од Германија, главно од Баварија. Меѓународните гости се главно од САД, Италија, Велика Британија, Австрија, Полска, Франција, Швајцарија, Шпанија и Холандија, а од минатата година – од Индија.

Големото прашање на секое издание на Октоберфест е цената на пивото. Минатата година, кригла од еден литар чинеше околу 15 евра, а оваа година повеќето пива се со цена над таа сума. Најскапотодостигнува 15,80 евра. Само неколку продавачи нудат литар пиво за помалку од 15 евра…

Високите цени не се ограничени само на пијалоците. Оваа година, литар вода за пиење чини просечно 10,95 евра.

Најскапиот стек во една од салите чини 410 евра – за 1,2 кг говедско месо од сортата Вагју, објави весникот „Аугсбургер Алгемајне“

Цените ги одредуваат самите трговци, иако настанот го организира општината. Градските власти го следат развојот на цените за да се осигурат дека тие остануваат во разумни граници.

Без оглед на неговата цена, на фестивалот се пијат околу 7 милиони литри пиво.

Во 2024 година, на фестивалот беа „изедени“ 125 волови и 70.000 свински бутови.

Најнови вести од: Свет

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

Украина им помага на САД и на Блискиот Исток против Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека три групи украински специјалисти заминале за да ја зајакнат противвоздушната одбрана на САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, тврди Институтот за проучување на војната (ISW)

Каја Калас: САД сакаат да ја поделат Европа за да не стане нивен конкурент

Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка Каја Калас во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера изнесе остри обвинувања кон Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека Вашингтон активно се труди да ја подели Европа за да спречи нејзино зајакнување како економски и геополитички конкурент.

To top