Свет

Закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Маск

Претставници на Белата куќа закажаа телефонски разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск по големата расправија меѓу двајцата неодамнешни сојузници. Toa би можелo да ја ублажи расправијата по денот на разменети навреди, главно преку социјалните медиуми – X на Маск и Truth Social на Трамп. Маск еден ден претходно посочи дека Трамп немаше […]

Претставници на Белата куќа закажаа телефонски разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск по големата расправија меѓу двајцата неодамнешни сојузници.

Toa би можелo да ја ублажи расправијата по денот на разменети навреди, главно преку социјалните медиуми – X на Маск и Truth Social на Трамп.

Маск еден ден претходно посочи дека Трамп немаше да победи на минатогодишните избори без него, објави дека претседателот е именуван во досиејата за Џефри Епштајн, моќен човек обвинет за подведување малолетни девојки, и повика на импичмент од страна на републиканецот.

Трамп одговори со навреди дека Маск е „луд“ и дека владината помош за неговите компании треба да се укине.

Акциите на Маск во Тесла паднаа вчера за 14 проценти, или 150 милијарди долари пазарна вредност, најмногу во еден ден во историјата на автомобилската компанија.

Маск финансираше голем дел од кампањата на Трамп, а потоа влезе во владата како негов сојузник и лидер на агенцијата за намалување на трошоците во јавниот сектор DOGE.

Јавната расправија меѓу претседателот и најбогатиот човек во светот започна пред неколку дена откако Маск го критикуваше републиканскиот закон за даноци и апропријации, за кој тврди дека ќе го зголеми долгот на САД.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top