Свет

Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе значи негов целосен пораз

Директните мировни преговори меѓу Украина и Русија се очекува утре да се одржат во Истанбул. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе преговара директно само со Путин. Иако Русите најавија дека доаѓаат на преговорите, тие не потврдија дека Путин ќе учествува. Путин за средбата која сам ја побара, се уште молчи, а неофицијално во Турција […]

Директните мировни преговори меѓу Украина и Русија се очекува утре да се одржат во Истанбул.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе преговара директно само со Путин.

Иако Русите најавија дека доаѓаат на преговорите, тие не потврдија дека Путин ќе учествува.

Путин за средбата која сам ја побара, се уште молчи, а неофицијално во Турција руската делегација ќе ја предводат министерот за надворешни Сергеј Лаввров и шефот на националната сигурност Јуриј Ушаков.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека на преговорите ќе присуствува и американска страна претставена од државниот секретар на САД, Марко Рубио, и пратениците Стив Виткоф и Кит Келог.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз.

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи…

Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите.
Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори“, изјави Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top