Свет

Зеленски до Путин: Нема смисла и натаму да се гине

„Позитивен знак е што Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за завршување на војната“ одговори украинскио претседател Володимир Зеленски откако рускиот колега Путин го отфрли ултиматумот од лидерите на најмоќните европски земји и предложи директни мировни преговори со Украина на 15 мај во Истанбул. Целиот свет го чекаше ова многу долго време. А првиот […]

„Позитивен знак е што Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за завршување на војната“ одговори украинскио претседател Володимир Зеленски откако рускиот колега Путин го отфрли ултиматумот од лидерите на најмоќните европски земји и предложи директни мировни преговори со Украина на 15 мај во Истанбул.

Целиот свет го чекаше ова многу долго време. А првиот вистински чекор кон вистинскиот крај на која било војна е прекин на огнот.
Нема смисла да се продолжува со убивањето уште еден ден. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосно, трајно и сигурно – почнувајќи од утре, 12 мај, и Украина е подготвена за состанок“, му одговори Володимир Зеленски на Путин.

Шефот на Кремљ предложи директни разговори со Украина во Истанбул во четврток, 15 мај, во обид да се „отстранат корените на конфликтот“ и „да се постигне враќање на долгорочен, траен мир“.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

To top