Свет

Зеленски го нарече Путин терорист и одби средба во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за средба во Москва за дипломатско решение на конфликтот

epa12308760 Ukraine's President Volodymyr Zelensky meets with United States President Donald J Trump (not pictured) in the Oval Office of the White House in Washington, DC, USA, 18 August 2025. European Leaders are at the White House in support of President Zelenskyy following President Trump’s meeting with President Vladimir Putin of Russia in Anchorage, Alaska, USA, on August 15, 2025. EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за средба во Москва за дипломатско решение на конфликтот, изјавувајќи: „Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракети, под напад, секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. Тој може да дојде во Киев.“ Ова Зеленски го изјави во интервју за ABC News, од локацијата на американски производствен погон во западна Украина, кој неодамна беше цел на руски ракетен напад.

Зеленски истакна дека предлогот на Путин, кој во среда изјави дека не е против средба со украинскиот лидер, е обид за одложување. „Ако некој не сака да се сретне за време на војната, секако, може да предложи нешто што не може да биде прифатливо за мене или за некој друг“, рече тој, нагласувајќи дека е подготвен за средба во било кој формат.

ABC News потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп ја истакнал средбата меѓу лидерите на Русија и Украина како приоритет за постигнување мировен договор. Трамп минатата недела изјави: „Трилатерален состанок може да се случи. Што се однесува до билатерален, не знам.“ Од друга страна, германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека е „јасно“ дека билатерален состанок меѓу Путин и Зеленски нема да се одржи.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Шибига на социјалната мрежа X напиша дека Австрија, Ватикан, Швајцарија, Турција и три земји од Персискиот Залив се подготвени да бидат домаќини на мировни разговори на кои Зеленски би присуствувал

Најнови вести од: Свет

Европа се вооружуваа: „Ѕидови од дронови“ околу Русија

Европската Унија се соочува со најголемиот безбедносен предизвик од крајот на Студената војна: целосната руска инвазија врз Украина, комбинирана со намалена доверба во посветеноста на САД кон НАТО и континенталната безбедност.

Ако Трамп не побрза, Гренланд може да гласа за приклучување кон Русија

„Според непотврдени информации, за неколку дена би можело да има предвремен референдум на кој целото население на Гренланд, кое брои 55.000 жители, би можело да гласа за приклучување кон Русија“, рече поранешниот руски претседател

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

To top