Свет

Зеленски им ја честиташе Новата година на Украинците со верба за можен мир

Зеленски на Фејсбук напиша дека 2025 година е „овозможена“ благодарение на украинските војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им ги честиташе новогодишните празници на Украинците, истакнувајќи дека 2025 година е обележана со посветеноста, отпорноста и секојдневната работа на Украинците.

Зеленски на Фејсбук напиша дека 2025 година е „овозможена“ благодарение на украинските војници.

– Одиме напред заедно со она што нè држи, искуството и сеќавањето, мајчиниот јазик, надежта и верата. Со себе ја носиме способноста за соработка и човечноста. Она што, и покрај сè, го имаме. Веруваме во мир, се бориме за него и работиме на него, наведе Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top