Свет

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на поглаварот на УПЦ, Онуфриј

Причина за указот – митрополитот доброволно добил руско државјанство во 2002 година, но го криел

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ со кој му се одзема државјанството на митрополитот Онуфриј, поглавар на Украинската православна црква (УПЦ), непризната од Вселенската патријаршија, која во 2019 година ѝ даде томос за автокефалност на Православната црква на Украина (ПЦУ).

Онуфриј имал руски пасош од 2002 година, но го криел своето руско државјанство и го искористил статусот на украински државјанин.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) денеска објави информации за случајот со првиот човек на црквата на која Киев ѝ го додава „Московска патријаршија“ во името, за да ја разликува од ПЦУ.

„Врз основа на материјалите на СБУ, украинското државјанство на Орест Березовски, кој е попознат како претстојател на УПЦ (МП), Онуфриј, е одземено. Соодветниот указ го потпиша претседателот на Украина Володимир Зеленски“, се вели во соопштението на СБУ.

Според СБУ, Онуфриј одржува контакт со Руската православна црква-Московска патријаршија, која ја поддржува војната против Украина. Тој, исто така, намерно се спротивставил на напорите за добивање канонска независност за Православната црква на Украина од Москва.

 

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top