Свет

Зеленски: Нема да ги повлечеме украинските трупи од украинските територии

Ова го нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски, потенцирајќи дека доколку Русија инсистира на повлекување на украинските војници од окупираните територии, тоа е сигнал дека Моква не сака мир. „Ова е моја уставна должност, ова е должност на нашата војска, да го браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Да, сега има окупирани територии поради агресија. […]

Ова го нагласи украинскиот претседател Володимир Зеленски, потенцирајќи дека доколку Русија инсистира на повлекување на украинските војници од окупираните територии, тоа е сигнал дека Моква не сака мир.

„Ова е моја уставна должност, ова е должност на нашата војска, да го браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Да, сега има окупирани територии поради агресија. Никој нема да се откаже од своите земји, своите територии, својот народ“, рече Зеленски.

Шефот на државата истакна дека ова е повеќе пати дискутирано со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим.

„Ако Руската Федерација постави услови за повлекување на нашите трупи од нашата земја, тоа значи дека тие не сакаат прекин на огнот. Бидејќи тие јасно разбираат дека Украина нема да го стори тоа“, рече Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 170 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top