Свет

Земјите членки од ЕУ го одобрија 18. пакет санкции кон Русија

ЕУ го одобри еден од своите најстроги пакети санкции против Русија досега. Секоја санкција ја ослабува способноста на Русија да води војна

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска го усвои 18. пакет санкции кон Русија, поврзани со нејзината инвазија врз Украина.

„ЕУ го одобри еден од своите најстроги пакети санкции против Русија досега. Секоја санкција ја ослабува способноста на Русија да води војна“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по усвојувањето на пакетот санкции. 

Според неа, со ова ЕУ испраќа јасна порака дека нема да се откаже од својата поддршка за Украина.

„ЕУ ќе продолжи да го зголемува притисокот се додека Русија не ја заврши својата војна“, додаде Калас. 

Новиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки е насочен кон санкционирање на енергетскиот, банкарскиот и воениот сектор на Русија и руската трговијата со ЕУ, како и кон одговорните за продолжувањето на воената агресија врз Украина.

Целата на овој пакет санкции, според ЕУ, е зголемување на притисокот врз Русија за постигнување праведен и траен мир за Украина.

Со мерките се намалува максималната цена за увезената руска нафта од сегашните 60 на 47,6 американски долари за барел, на 105 бродови за кои постојат сомнежи дека се користат за шверц на руски стоки опфатени со санкции им се забранува пристап до пристаништата во ЕУ и се забранува транзит преку гасоводите Северен поток 1 и 2, како и увоз на деривати од руска нафта произведени во која било трета земја, со исклучок на Велика Британија, Канада, Норвешка, САД и Швајцарија.

Дополнително се прошируваат забраните за финансиски и банкарски услуги и за трансфери на крипто валути со субјекти од Русија и се воведуваат санкции кон компании од Кина, Хонг Конг и Турција поради продажба на стоки и технологии со двојна употреба на руски субјекти, што би можеле да се користат за зајакнување на рускиот одбранбен и безбедносен сектор.

 

Најнови вести од: Свет

Ужас на хокеарски натпревар: Убиецот, кој се идентификувал како жена, со пиштол ги ликвидирал поранешната сопруга и децата (Видео)

Три лица загинаа, а тројца се тешко ранети во пукање за време на младински хокеарски натпревар меѓу средни училишта во Потакет, Род Ајленд. Меѓу жртвите е и напаѓачот кој ја убил поранешната сопруга и детето, кој потоа извршил самоубиство. Според полициски извори, убиецот, за кој се смета дека е и татко на еден од играчите на натпреварот, е 56-годишниот Роберт Дорган, кој се претставувал под името Роберта и наводно се идентификувал како жена.

Новиот закон во Германија: Целосна забрана за апликации што предупредуваат за сообраќајни контроли

Германија се подготвува за радикална промена во регулативата за апликациите за навигација, која би можела да оди чекор подалеку од сегашните правила во повеќето европски земји.

Украина и Русија во Женева на нова рунда преговори за мир

Претставници на Украина и Русија денеска и утре ќе се сретнат во Женева на нова рунда мировни преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, при што Кремљ истакнува дека фокусот ќе биде на најгорливото прашање од војната – судбината на украинската територија окупирана од Русија.

Холандскиот министер за одбрана: Ф-35 може да биде „хакиран“ како Ајфон(ВИДЕО)

Холандскиот министер за одбрана Гијс Туинман ја изненади јавноста со изјава дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи дека авионот буквално би можел да биде „хакиран“ како Ајфон.

To top