Хроника

Приведен 21 возач поради безобѕирност

11 возеле без положен возачки испит, а 10 под дејство на алкохол

Лишени од слобода 21 возачи за „безобѕирно управување возило“ и со еден е извршен службен разговор, 11 возеле без положен возачки испит, а 10 под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи и со еден е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.М.(41) од с.Сарај, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, Х.Ш.(35) од с.Неготино, гостиварско, 16-годишник од с.Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С.(31) од с.Ковач, Оштина Македонски Брод, А.Д.(32) од с.Корошишта, струшко, Ќ.С.(62) од Градско, Е.Ј.(27), Е.Д.(43) и Н.Ј.(22), сите од Скопје, од кои Н.Ј. возел и со брзина поголема од дозволената.

Исто така, полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од с.Приковци, кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола.

Под дејство на алкохол возеле 10 лица и тоа: Д.Д.(39) од кумановско, С.К.(40) од с.Ињево, радовишко, Г.И.(31) од с.Дулица, Општина Македонска Каменица, О.В.(27) од Македонска Каменица, М.У. (44) од Кичево, Д.М.(24) од с.Брвеница, тетовско, З.С.(54) од Скопје, Н.З.(64) од Битола, А.Н.(46) од Прилеп и С.Ј.(66) од с.Селце, прилепско.

Додека пак, лицето В.Д.(37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б категорија.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top