Хроника

Грабеж среде бел ден: Однесено злато од златарница

Грабежот се случил денеска околу пладне во центарот на градот

Златарница на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е ограбена денеска околу пладне. Случајот е пријавен во СВР Куманово во 12:32 часот.

Според пријавата, неколку лица влегле во објектот и однеле злато. Полицијата презема мерки за да ги пронајде сторителите и да го расчисти случајот.

Грабежот го осуди Агрон Фазлији, претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија.

Тој посочи дека златарницата, сопственост на мајсторот Абдулрахим, работи веќе 30 години. Според него, грабежот е тежок удар за семејството што својот бизнис го градело со чесна работа.

Фазлији побара полицијата и обвинителството итно да го расветлат случајот и да ги пронајдат одговорните. Тој побара и конкретни мерки за поголема безбедност на занаетчиите и стопанствениците.

„Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место“, порача Фазлији и изрази солидарност со семејството на ограбениот златар.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Сара Ѓ. (26) со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – обвинетиот насилник Кристијан Корабоски (31) не дојде

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември, објави „Сител“.

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

To top