Тема: Аднан Азизи

Азизи од Вреди со тешки обвинувања до Ахмети: Ти не си орел, туку убиец на орли! Убија и твоите загари многу команданти на УЧК по војната!

Шефот на Централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азири на изборната конвенција на неговата коалиција во салата „Борис Трајковски“ во Скопје упати серија тешки обвинувања до лидерот на ДУИ Али Ахмети дека сноси „одговорност за повоените убиства на многу вистински команданти на УЧК“, со што иронизираше со неговата улога како „Врховен командант на УЧК“ во 2001 година, едновремено нарекувајќи го со „корупциски прекар“ „Соравија“!

Азизи: Општините, со кои раководеше ДУИ, беа општини на дембели, поради нула реализирани проекти!

„ДУИ немаат понуда ниту сега за овие локални избори, немаат ниеден стратегиски проект за општините, во кои живеат и Албанци!“ – наведува Аднан Азизи, шефот на Централниот изборен штаб на коалицијата Вреди, во интервју за весникот „Лајм“.

Азизи за НАИ на Ахмети и ДУИ: Заради власт подготвени се да поттикнат убиство меѓу народот, меѓуетничка омраза и судир сè до дестабилизација на земјата!

„Залудно ви е, веќе е запечатен вашиот политички крај!“ – им порача преку фејсбук пратеникот во Собранието на Македонија и шеф на Централниот изборен штаб на Вреди Аднан Азизи на ДУИ на Али Ахмети и другите партии во нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ).

To top