Тема: актлно

Битола добива историски инвестиции вредни 11,5 милиони евра

Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

Малолетници зависници од дрога се препуштени сами на себе – што може да направи Македонија?!

Проблемот со употребата на дроги кај децата во Македонија станува сè позагрижувачки. Четиригодишни деца употребуваат лепак, додека осумгодишници инјектираат хероин. Во недостаток на конкретна институција, центар, програма и протокол за третман на болести на зависност кај деца, овие деца се препуштени сами на себе и најчесто треба да дочекаат полнолетство, за да пристапат во некоја […]

(Видео): Како да се вработат над 16.000 граѓани преку деветте стратешки мерки?!

Над 16.000 граѓани ќе можат да се вработат преку девет стратешки мерки. Ова го предвидува оперативниот план на Владата за 2025-та. Поддршката за самовработување опфаќа три категории. Првата е невработени до 29 години, има опфат од 720 лица и финансиска рамка од 615.000 денари. Втората е невработени над 29 години која опфаќа 610 лица со финансиска рамка од 430.000 денари […]

Приоритет на Народна банка ќе биде ниска инфлација, рече новиот гувернер откако ја презеде функцијата

Ниска и стабилна инфлација, финансиска стабилност, поддршка на политиките на Владата – професорот Tрајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка. Изборот на Славески се случи доцна синоќа, за него гласаа 68 пратеници, а 16 беа против. Економијата ќе остане стабилна со фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Трајко Славески застана […]

Дали само продуктивноста на работниците е пресудна за подобар резултат и повисоки плати?!

Сојузот на синдикатите на Македонија го задржува својот став дека не само минималната, туку и сите плати во Македонија треба да се зголемат. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека државата е меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, а од другата страна, Владата или работодавачите, немаат […]

To top