Тема: актуелно

Советот на јавните обвинители денеска треба да определи вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Коцевски

Седницата на Советот е закажана за 11 часот. Донесувањето одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Македонија е главна точка на дневниот ред.

Еден од пет луѓе во Македонија користи алатки на вештачката интелигенција, во ЕУ речиси секој трет

Во Македонија еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.

Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ, или си тезгаџија!

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС Петре Шилегов јавно преку фејсбук побара оставка од „лидерот“ на СДС Венко Филипче. Ако се има предвид жестината, со која Шилегов го нападна Филипче, означувајќи го со зборот претседател ставен во наводници, се наметнува дилемата: дали можеби Шилегов е дел од иницијатива за обединување на СДС, што веќе кружи и која која подготвува политички концепт и кадровска понуда, во која би влегле поранешни социјалдемократи, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров?

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

Муцунски: Нашето место е во ЕУ, бараме решение за блокадата од Бугарија, што нема да ги загрози националните интереси

„Во моментов веќе има низа закони во собраниска процедура, насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти, поврзани со реформската агенда, чие донесување е поздравено од Европската Унија.“ – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, која вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

Чепреганов: Апсурд е што нѐ негираат од сите страни во време на европска демократија! Да се опстои на македонските интереси!

Пред почетокот на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, Тодор Чепреганов и други македонски историчари се осврнаа на оваа тема, нагласувајќи дека е неприфатливо денес да му оспорува на македонскиот народ правото на национално самоопределување, како основно човеково право, кое го извојувал и го потврдил со својата победа во Втората светска војна.

To top