Македонија

Владиката Агатангел во 2024: Цариградската патријаршија и Вартоломеј ли ќе ни наложуваат име на Македонската православна црква – Охридска архиепископија?!

„Верниот и богољубив македонски православен народ активно се црквува во Автокефалната Света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Народот си ја доживува Македонската православна црква – Охридска архиепископија како своја духовна мајка.“ – има наведено владиката Агатангел во своја колумна во 2024 година.

Митрополитот Агатангел на Македонската православна црква – Охридска Архипископија во јуни 2024 година искажа став: „Цариградската патријаршија ли ќе ни го наложува насила името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија?“

Во својата колумна, пак,  со наслов „Маршот на фанариотите“ исто така од 2024 година Агатангелг, покрај другото, има истакнато: „Па кој подобро од нас свештениците го познава црковен Цариград? Сè уште ги памтиме делата на Велешкиот владика Игнатиј, кој во свое време, иако прост и неписмен, организирано ги собрал сите книги на македонски и словенски јазик и ги запалил во Согленскиот манастир. Ги памтиме и делата на Костурскиот Владика Германос Каравангелис (исто така од Цариградската патријаршија), кој бил директен учесник во убиствата на невини луѓе и во палежите на македонските села во Костурско. Памтиме како на нашите браќа и сестри во Егејска Македонија на сила од грчките попови им беа наметнувани грчки имиња при Светото крштение.“

Жестокиот борец против пропагандите на Бугарската егзархија и Грчката Цариградска патријаршија и застапник на возобновувањето на автокефалноста митрополитот скопски Теодосија Гологанов уште во своето време има кажано: „Бугарската Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи… Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, Бугарската Егзархија го убива ова другото, постојаното… Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во словото на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква.”.

 

 

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

To top