Македонија

Владанка Андреева назначена за главен координатор на Обединетите нации во Камбоџа

Македонка на врвот на ОН во Азија

Македонка застана на чело на една од клучните теренски мисии на Обединетите нации во Азија. Владанка Андреева е назначена за Резидентен координатор на ОН во Камбоџа, функција од која се управува и усогласува работата на сите агенции на ОН во земјата.

Со ова именување, Андреева станува највисок претставник на системот на ОН во Камбоџа, со мандат да ги води развојните, хуманитарните и реформските процеси во соработка со локалните власти. Функцијата официјално ја презеде на 10 јануари 2026 година, по добиена согласност од владата во Пном Пен.

Назначувањето доаѓа по повеќе од две децении меѓународна кариера, во која Андреева работела на сложени развојни и здравствени програми во Азија, Кавказот и Европа. Непосредно пред ова, таа ја извршуваше истата функција во Азербејџан, каде што ја координираше улогата на ОН во постконфликтното закрепнување и климатската агенда, вклучително и подготовките за COP29.

Камбоџа, пак, за неа не е непознат терен. Таму претходно беше на чело на програмата на ОН за ХИВ/СИДА, а за време на пандемијата со КОВИД-19 го предводеше одговорот на целиот систем на Обединетите нации.

Во нејзината професионална биографија се вбројуваат и високи позиции во UNAIDS и УНДП во Виетнам, регионот Азија–Пацифик, Европа и ЗНД, како и ангажман како советник на Резидентниот координатор на ОН во Северна Македонија. Пред да се приклучи на системот на ОН, работела во хуманитарниот сектор со „Фармацевти без граници“.

Андреева е дипломиран стоматолог и магистер по јавно здравје. Нејзиното назначување се смета за редок и значаен пробив на македонски кадар на највисоко оперативно ниво во Обединетите нации.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top