Тема: актуелно

Клик, па колапс: Измамата „Конти“ собрала 15 милиони евра од граѓаните

Македонецот често нема доверба во институција, но има огромна доверба во „човек од народот“. Ако банка предупредува, тоа звучи како бирократија. Ако финансиски експерт објаснува дека принос од 5 насто неделно не е возможен, тоа звучи како ароганција. Но, ако соседот покаже screenshot од трансакција, тогаш математиката престанува да биде важна.

Малолетен насилник (16) се нафрлил врз врсник во Аеродром, па нападнал возрасен (25) што тргнал да го брани

Малолетен насилник (16) завчера доцна вечерта во трговски центар на подрачјето на Аеродром се нафрлил со тврд предмет на врсник, а потоа нападнал и постар скопјанец кој се вклучил да го одбрани нападнатиот малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје

Македонскиот началник на Генералштабот на состанок на највисокото воено тело на НАТО

Од Армијата соопштија дека учеството на генерал-мајор Лафчиски на овој состанок претставува потврда за активниот придонес на македонската Армија и на Република Северна Македонија во колективната безбедност на Алијансата, регионалната стабилност и заедничките политики и активности на НАТО.

(Видео): Државата почна да наликува на Лас Вегас, со законот за игри на среќа се става ред, вели премиерот

На секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност, вели Мицкоски.

Почетна плата од 57.000 денари – огласи за унапредување во администрацијата

За сите вработени во Администрацијата и Јавниот Сектор – Активни огласи за УНАПРЕДУВАЊЕ во Институциите, Општините и Јавните Претпријатија за почетна плата од 57.000 денари. Прочитајте, видете ги условите и аплицирајте.

To top