Хроника

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во полициската во Шуто Оризари

Полицијата го уапсила

На 26.09.2026 околу 15:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(44) од Скопје. Тој претходно физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а откако дошла во Полициското одделение Шуто Оризари да го пријави настанот, тој дошол по неа, агресивно се однесувал кон полициски службеници, повторно ја нападнал и се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top