Хроника

МВР ги потсетува странците дека може и онлајн да плаќаат казни од „Сејф сити“

Овозможува проверка и електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки

Министерството за внатрешни работи ги потсетува сопствениците и возачите на возила со странски регистарски ознаки дека преку системот „Безбеден град“ се регистрираат сообраќајни прекршоци сторени со овие возила.

За полесно и побрзо информирање и регулирање на евентуално евидентираните прекршоци, во функција е веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“. Преку апликацијата сопствениците и возачите можат да се регистрираат, да проверат дали со нивното возило е евидентиран сообраќаен прекршок, да добијат увид во издадените прекршочни платни налози и да извршат електронско плаќање.

Користењето на апликацијата не е задолжително. Таа претставува олеснителна можност преку која прекршоците можат да се проверат и регулираат однапред, со што се олеснува и забрзува постапката при излез од државата.

За оние кои не ја користат апликацијата, информација за евентуално евидентиран сообраќаен прекршок може да се добие и при излез од државата, на граничниот премин Табановце. На овој граничен премин плаќањето може да се изврши со платежна картичка, додека плаќање во готовина не е предвидено.

Министерството за внатрешни работи презема активности за проширување на можноста за информирање и подмирување на обврските поврзани со евидентираните сообраќајни прекршоци и на други гранични премини.

Апликацијата „Безбеден град“ е достапна на:

https://safecountry.mvr.gov.mk/

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top