Македонија

Бојковски призна три од четирите убиства, кажа дека убивал за пари

Покажувајќи со прстите на рацете преброја колку жени убил обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Три баби. Покажувајќи со прстите на рацете преброја колку жени убил обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане, Трајко Бојковски. Негираше дека отепал четири жени како што пишува во обвинението на обвинителот Љубомир Лапе, а призна дека и две се обидел да ги убие. Но токму кога обвинителот го испрашуваше сведочеше контрадикторно, прво дека не ја убил Станче, која е прва на листата убиени, пренесува Телма ТВ.

По тоа негираше дека ја убил и Јанка која е третта негова жртва според обвинението. И двете беа есхумирани, но за Станче потврди дека на распит му било предочено дека под ноктите на жената при обдукција се најдени траги со негова ДНК. Исто така го негираше и мотивот, а тоа е дека убивал заради полови дејства врз мртви жени. Сега кога го прашуваше неговиот адвокат шушкајќи повторно со прстите, рече убивав за пари.

Поради ваквите тврдења обвинителот Лапе побара судот да го земе пред вид записникот од распитот пред него кога до детали ги опишувал и убиствата и датумите кога ги сторил. Сведочел дека жените ги демнел, влегувал во нивниот дом најчесто на спиење, ги давел, мртви ги силувал па кај дел дури и јадел и заминувал. Во сведочењето потврдил дека тоа го правел од некрофилски побуди.

Тој самиот не знаеше кое кривично дело го негира па на сите вкрстени прашња одговори потврдно. Тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител а има и други докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право. Тој смета дека така најверојатно ќе си ја олесни работата и психијатрите сметаат дека обвинетиот делува во насока да си ја олесни состојбата, рече обвинителот Љубомир Лапе.
Инаку на почетокот на судскиот процес тој негираше вина, а адвокатот кој го ангажираше се откажа од него токму поради тоа што тој рекол дека ќе признае се што сторил.

Денеска судскиот вештак психијатарот Стојан Бајрактаров потврди дека Бојковски бил пресметлив кога ги извршувал убиствата но и дека не му е потребно задолжително лекување во установа наместо затвор. Тоа го бараше адвокатот како алтернатива наместо затворска казна.

Според обвинението убиствата и обидите за убиства се случувале од јануари 2025 година до февруари 2026 година, а никој не утврдил дека жените се убиени и силувани туку биле закопани без обдукција и обвинител. Токму поради ова се води истрага и за двајца доктори мртвопроверители од Куманово, но не и за полицајците кои биле вклучени во увидите.

Дополнително една од жените која била нападната и само со среќа куртулила обвини дека полицијата по нејзината пријава не постапувала. Од обвинителството надлежно за полицајците велат дека чекаат како ќе се изјасни внатрешната контрола на МВР додека пак од МВР велат дека немаат предмети за полицајци поврзани со убиствата во Кумановско. За случајот против Бојковски се закажани завршни заборови за на 6 октомври по што ќе следува пресуда.

Најнови вести од: Македонија

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

Најнови вести

To top