Тема: АМСМ

(Фото): Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми низ цела Македонија

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

Снег и слаба видливост на планинските превои

Aпел апел до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми и во патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

To top