Македонија

Покренато обвинение против судијата Ристов: лично ги заѕидал 350-те илјади евра, пронајдени се биолошки траги од неговата ДНК!

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено го поврзаа него со парите, пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ што го потврдува сомнежот е пронајдената ДНК на судијата на материјалите, конкретно на алуминиумската фолија, со која биле обвиени пакетите со пари.

Обвинителката Хаџи Василева истакна дека истрагата собрала непобитни материјални докази дека Ристов лично ги манипулирал и ги сокрил вкупно 350.000 евра, кои претходно не биле пријавени во неговиот анкетен лист.

„Со вештачењето на биолошките траги утврдивме дека токму обвинетиот е лицето што ги крие овие пари“, изјави Хаџи Василева по денешниот брифинг.

Случајот против судијата Ристов е директна последица од истрагата против адвокатот Фехми Стафа, кој во декември 2025 година беше уапсен при примање мито од 20.000 евра, дел од поголем договор за влијание врз судија за укинување на мерка притвор. Иако во конкретниот момент парите не стигнале до судијата, последователните претреси открија огромна сума на пари, за кои судијата не можел да докаже законско потекло.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: СДСM работи на регионални опозициски сојузи и на политички проекти во други држави наместо на домашната сцена!

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека раководството на СДСМ е фокусирано на политички активности надвор од државата, наместо на домашната политичка сцена.

Мицкоски на средбата во Владата со амбасадорите од ЕУ: Реформската агенда не е план на хартија, туку дава конкретни резултати!

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на денешната средба во Владата со амбасадорите на Европската Унија се разговарало за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда.

Поевтинуваат горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13%. Според нив, во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

(Фото): Казахстан ја гледа Македонија како клучна врска со европскиот пазар

Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо […]

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор, заради откочување на македонската евроинтеграција. – Сум го запознала Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение, рече денеска Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање.

Најнови вести

To top