Тема: атлетика

Огнен Стефановски во скок со стап го урна најстариот атлетски рекорд на Македонија (ВИДЕО)

По речиси 57 години падна најстариот државен рекорд на Македонија во атлетика, за што се погрижи Огнен Стефановски во скок со стап на Европското екипно првенство трета дивизија во Марибор. Дваесетгодишниот македонски репрезентативец прескокна 4,05 метри уште во првиот обид и за 15 сантиметри го подобри досегашниот најдобар резултат во оваа дисциплина на Владимир Карер […]

Трајковски, Ивановски и штафетата 4х100 м „златни“ на ЕП во атлетика трета дивизија во Марибор

Андреас Трајковски, Дарио Ивановски и машката штафета 4х100 метри ѝ донесоа на Македонија по максимални 15 поени со триумфите во своите дисциплини на Европското првенство во атлетика трета дивизија во Марибор. Трајковски победи во скок во далечина со 7,83 метри, остварен во петтата серија, кога го престигна дотогаш водечкиот Исланѓанец Инги Егилсон за четири сантиметри. […]

To top