Тема: БДП

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

Над 40 милиони евра за 10.000 луѓе предвидени со Оперативниот план за вработување

Годинава целта на Оперативниот план е развојот на претприемништвото и самовработувањето. За оваа намена предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерките за самовработување, вклучително и за млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување на корисници во трговски друштва. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување на повеќе корисници во заеднички бизнис.

„Костал” со амбициозни планови за иднината – премиерот очекува приходите на компанијата да пораснат на 500 милиони евра

Компанија „Костал“ која е германска инвестиција претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето 10 години од оваа инвестиција. Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ.

(Фото): Инфлација од 4%, економски раст за 3,5%, очекува Народна банка

Кризата на Блискиот Исток притиска, последиците се чувствуваат. Народна банка ги ревидираше проекциите. Годинава економскиот раст ќе биде помал, а инфлацијата речиси двојно повисока од онаа што претходно ја очекуваа монетарните власти. Гувернерот Славески вели дека причината не е во домашната економија, туку во надворешните шокови, пред сè војната на Блискиот Исток, поскапата нафта и глобалната неизвесност. Според него, Македонија како мала и увозно зависна економија, директно ги чувствува последиците од случувањата во светот.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

(Видео): Пак сме меѓу најдобрите – растот на БДП во 2025 година е 3,5%, рече Димитриеска-Кочоска

Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на БДП во последниот квартал од 2025 година и тој изнесува 3,8 проценти. Со овој податок се комплетира сликата за цела 2025 година. Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 проценти. Министерката рече дека следи период на неизвесност и дека сега е рано било што да се каже, но дека може да се интервенира законски, како и со мерки на Влада и на Народната банка.

Инфлацијата годинава треба да падне под 3 отсто, очекува Владата

Што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели премиерот.

Макроекономските движења во согласност со очекувањата на Народна банка

На крајот на 2025, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута. Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.

Што значи оценката ББ- за кредитниот рејтинг на Македонија – Кој е во групата со нас?!

Силна потврда за економските политики на Владата, довербата во стопанството и фискалната стабилност на Македонија. Меѓународната агенција за оценка на кредитен рејтинг Стандард & Пурс го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи за во иднина. Во извештајот на агенцијата се наведува дека растот ќе забрза годинава на 3,5%, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3%, со постепено зголемување на приватните инвестиции и надворешната побарувачка.

To top