Македонија

Раст на БДП од 4,3 отсто во второто тримесечје од годинава

Најголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9% и од 5,1% во секторите Уметност, забава и рекреација

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од годинава порасна за 4,3% во однос на истиот период од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9% и од 5,1% во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2%.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0%.

Во првото тримесечје БДП забележа раст од 3,1%.

Најнови вести од: Македонија

To top