Тема: „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Вонвременскиот поетски проглас на Рацин до Македонците од 1939 да се борат да им осамнат „Македонските мугри“, а не „Бугарските мугри со европски сјај“! (1)

 Во својата монументална стихозборка“ „Бели Мугри“, испечатена на денешен ден, на 25 ноември 1939 година во гратчето Самобор, близу Загреб, во Хрватска, Кочо Рацин ја испеа македонската мака, на македонските аргати и тутунари. Пред Европа и светот тој ја објави таа македонска мака, но и ги потврди високите книжевни и уметнички вредности на јазикот на македонскиот народ. Дваесет и петти ноември 1939 година не е само датум од историјата на македонската книжевност. Тоа е датум со длабоко национално, јазично, културно и политичко значење. Овој волшебник на македонската поетска реч и национален мислител од највисок ранг ја објавува својата стихозбирка со значење многу поголемо од книжевноста и во време кога  македонската национална индивидуалност била оспорувана, потиснувана и негирана од различните националистички и државни политики од Балканот.

To top