Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се обезбедени 663 милиони евра за капитални инвестиции, вклучувајќи патишта и железници.
„За капитални инвестиции се издвоени 40,8 милијарди денари – или приближно 663 милиони евра – со што се поставува финансиска основа за реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните. Значителен дел од овие планирани средства е насочен кон изградба и модернизација на патната инфраструктура. Преку Јавното претпријатие за државни патишта се планирани дополнителни 18 милијарди денари инвестиции; од нив, над 12 милијарди денари се наменети за изградба на автопатските делници – Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола – како дел од стратешките Коридори 8 и 10д.
Истовремено, ќе продолжат работите на автопатските делници Кичево–Охрид, Кичево–Букојчани и Скопје–Блаце. Овие проекти се од особено значење за зајакнување на регионалната поврзаност, подобрување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на транспортот на стоки и услуги.
Дополнителен приоритет во Буџетот за 2027 година е развојот на железничката инфраструктура, за што се издвоени 6,2 милијарди денари – зголемување од речиси 54% во споредба со претходната година – што ќе…“ …продолжува изградбата на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка, а планирани се активности и за делницата од Крива Паланка до границата со Бугарија.
Покрај транспортната инфраструктура, значителни средства се насочени и кон подобрување на општинската инфраструктура и заштитата на животната средина; во тек е реализација на пречистителни станици за отпадни води во Скопје, Тетово и Битола, а планирани се и дополнителни проекти за Велес, Штип и Виница“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ