Тема: Бујар османи

“Правниот експерт“ Османи контра правната Венецијанска комисија: Законот за правична застапеност не може да го замени балансерот!

Бујар Османи со „хирургиска прецизност“ „експертски“ ги констатира „слабостите“ на новиот закон за правична и соодветна застапеност, кои правните експерти од Венецијанската комисија не умееле да ги согледаат како тој, толку јасно што „аргументира“ со дури 7 „бидејќи“ поради ова, бидејќи поради она… Можеби од Венецијанската комисија ќе треба да размислат за отворање своја експозитура со шалтер во тетовска мала Речица…

Османи: Не се повлеков, туку се прекалибрирав! – Загубата е лекција за нова амбиција!

Бујар Османи, кој е по професија хирург во Клиниката за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар во Скопје, и натаму е потпретседател на ДУИ. Останува да се види каква своја „нова амбиција“ најавува, за какво „приспособување“ говори, кон што и кон кого можеби, зашто терминот „рекалибрирање“, кој го користи во објавата, има токму такво приближно значење. Политичкиот аналитичар од Македонија Амир Шабани напиша во колумна на 26 октомври дека „Али Ахмети го жртвуваше свесно Бујар Османи, кандидирајќи го воопшто не со цел ‘да станел нов градоначалник на Чаир’“, туку „за да го исфрли од трката за нов лидер на ДУИ, која е веќе започната, зад сцената“! Во наредните денови треба да се искристализира и како ќе се постави Бујар Османи кон раздвижувањата во ДУИ, настанати по дебаклот на локалните избори, кон барањата за понесување одговорност и за оставки, а пред се Али Ахмети да се повлече во „политичка пензија“ како „највиновен за поразот“.

Шабани: Сѐ уште се без потврда претпоставките дека Ахмети преговара со Апасиев и Левица за поддршка на 2 ноември во некои општини, но и на подолг рок!

Политичкиот аналитичар од Македонија Амир Шабани во својата колумна, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“, фрла една поинаква светлина врз политичките потези, кои ги влече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Шабани е категоричен дека шефот на „интегративците“ свесно го жртвувал Бујар Османи, фрлајќи го да „изгори“ во „огнот“ на локалните избори воопшто не со цел „Бујар да станел нов градоначалник на Чаир“, туку за да го исфрли од трката за нов лидер на ДУИ, која, како што тврди колумнистот, веќе е започната, зад сцената! Шабани пишува и за сѐ уште непотврдените шпекулации и претпоставки дека Ахмети веќе преговара со Димитар Апасиев неговата партија Левица да ѝ даде поддршка на коалицијата Национална алијанса за интеграција на Ахмети поддршка во некои општини во вториот круг на локалните избори на 2 ноември со надеж дека ќе се ублажи поразот на ДУИ и НАИ од првиот круг, но и за да добие Ахмети можност да ги потисне барањата и повиците за негово заминување во „политичка пензија“!

To top