Тема: Чешка

(Фото): Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се враќа и линијата за Келн

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела.

Лажен стоматолог поправал и вадел заби – сè научил на интернет

Поднесени се обвиненија против лажен стоматолог и неговите двајца асистенти, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако научиле како да поправаат заби преку интернет. Тројцата членови на истото семејство отвориле целосно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионални квалификации во градот Хавличков Брод. Лажниот 22-годишен стоматолог, вршел прегледи, вадел заби, чистење на коренски канали […]

To top