Свет

Лажен стоматолог поправал и вадел заби – сè научил на интернет

Поднесени се обвиненија против лажен стоматолог и неговите двајца асистенти, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако научиле како да поправаат заби преку интернет. Тројцата членови на истото семејство отвориле целосно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионални квалификации во градот Хавличков Брод. Лажниот 22-годишен стоматолог, вршел прегледи, вадел заби, чистење на коренски канали […]

Поднесени се обвиненија против лажен стоматолог и неговите двајца асистенти, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако научиле како да поправаат заби преку интернет.

Тројцата членови на истото семејство отвориле целосно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионални квалификации во градот Хавличков Брод.

Лажниот 22-годишен стоматолог, вршел прегледи, вадел заби, чистење на коренски канали и давал анестезија – сè врз основа на знаење стекнато преку интернет.

50-годишната жена работела како медицинска сестра, додека 44-годишниот маж, кој го обезбедил просторот, изработувал протези за пациентите.

„Жената, која претходно работела во здравството, набавувала анестезија, како и други стоматолошки материјали до кои имала пристап, како што се пломби, абразивни прашоци, лепила, материјали за отпечатоци и други“, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата соопшти дека нелегалната ординација лекувала десетици пациенти и генерирала приход од 4 милиони чешки круни (околу 160.000 евра).

Тројцата беа уапсени претходно овој месец и обвинети за неовластена практика, перење пари, обид за напад, неовластено ракување со лекови и кражба.

Тие досега не се казнети. Откако се изјаснија за виновни, беа ослободени да се бранат од затвор и се соочуваат со затворска казна до осум години.

Најнови вести од: Свет

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top