Тема: експерти

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

НАСА е уверена дека Земјата наскоро ќе има две Месечини – можно ли е тоа?!

Откритието е направено годинава од астрономите на Универзитетот на Хаваи, кои забележале мала светлосна точка на небото за време на рутинско набљудување. По неколкунеделно следење, било потврдено дека објектот навистина ја дели орбитата на Земјата околу Сонцето, по што НАСА официјално го призна како „квази-сателит“.

Над 850 експерти повикаа да запре развојот на „вештачката суперинтелигенција“, оти е „закана за можно исчезнување на човечкиот род“!

Светските експерти-потписници на изјавата во врска со развојот на вештачката интелигенција бараат мораториум на развојот на суперинтелигентни системи, сè додека не се постигне широк општествен консензус и научен договор за нивната безбедност и контрола, пренесе „Си-ен-би-си“.

Чувајте готовина до 100 евра за основни потреби за неколку дена, во случај од можни прекини на безготовинското плаќање

Некои земји, како што се Холандија, Австрија и Финска, препорачуваат граѓаните да чуваат готовина дома за основни потреби три дена, околу 70 до 100 евра по лице, објави Пословни дневник.

To top