Тема: еу

Спиропали, шефицата на албанската дипломатија на 22-23.12.2025 во посета на Македонија: средби со државниот врв, лидерите на Вреди и ДУИ Ахмети

„За време на официјалната посета министерката за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија Елиса Спиропали ќе ја потврди силната поддршка за европската интеграција на Македонија, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ останува стратегиски инструмент за мир и демократска стабилност во Југоисточна Европа. Во центарот на вниманието на средбите ќе биде и проектот Коридор 8 како стратегиски проект за енергија и безбедност, кој го поврзува Медитеранот со Црното Море.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Koи европски држави ќе имаат економски раст до 2027 година?!

Во 2027 година, Шпанија повторно ќе го забележи највисокиот раст на реалниот БДП меѓу петте најголеми економии, иако стапката ќе се забави на 1,8 отсто. Се очекува Германија да забрза од 1 отсто на 1,5 отсто. Обединетото Кралство и Италија ќе забележат зголемување од само 0,1 процентен поен во споредба со 2026 година, додека Франција ќе остане непроменета на 1 отсто.

Нема да има италијански војници во Украина: Јасна порака од Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, пред заминувањето на самитот на ЕУ во Брисел, изјави дека Италија е „отворена за секое решение“ во врска со замрзнатите руски средства, но предупреди дека нивно користење без цврста правна основа би било „прва вистинска победа за Русија“.

Еден од пет луѓе во Македонија користи алатки на вештачката интелигенција, во ЕУ речиси секој трет

Во Македонија еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.

Со „Предлог-заклучоците“ Советот на ЕУ ја претвора Македонија во „гробишта за европските резолуции и Копенхагенските критериуми“!

„Бугарското негирање на посебноста на идентитетот и историјата на македонската нација служи како оправдување за бруталната војна на агресија и културно уништување. Оваа националистичка патологија стана официјална политика на ЕУ! Барањата на Бугарија кон С.Македонија се неправедни: додека Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот устав, таа упорно го негира постоењето македонско малцинство во Бугарија!“ – нагласува д-р Улф Брунбаер во својот научен труд со наслов „Страничните ефекти од ‘фантомските болки’: како бугарската историска митологија го попречува пристапувањето на С.Македонија во ЕУ“. Трудот е објавен на 4 јануари 2023 година во научното списание „Споредбени студии за Југоисточна Европа“. Професорот Брунбауер е австриски историчар и академски директор на Институтот Лајбниц за студии за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија. Неговите аналитички заклучоци од овој труд претставуваат жестока и аргументирана критика на политиката на Европската унија кон Република Македонија и нејзиното газење на сопствените Копенхагенски критериуми за проширувањето.

To top