Тема: еу

Наскоро наместо печат во пасош, отпечаток и фотографија за влез во ЕУ

Отпечаток од прст и фотографија, од 12-ти октомври нов систем за влез и излез од Европската унија. Целата е зајакнување на безбедноста на влезните точки на унијата, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас. Новата мерка постепено ќе се применува, се најавува можност за однапред регистрирање на податоците преку мобилна апликација или систем за самопослужување.

Муцунски: Македонија има јасна визија за иднината во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур се обрати на свеченост по повод 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од членството во Советот на Европа, соопшти МНР.

Марта Кос со остра реакција до Вучиќ: Имаме проблем!

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, остро реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој членовите на Европскиот парламент што присуствуваа на протестите во Нови Сад ги нарече „олош“.

Европските лидери на нова средба со Трамп за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, по враќањето од финалето на Отвореното првенство на САД во тенис во Њујорк, одржа кратка прес-конференција пред новинарите, каде што откри детали за претстојните дипломатски активности поврзани со војната меѓу Русија и Украина

To top