Бизнис

Француската криза може да се продлабочи во ЕУ

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“.

Frankfurt, Germany-August 16 : Euro Sign. European Central Bank (ECB) is the central bank for the euro and administers the monetary policy of the Eurozone. August 16, 2015 in Frankfurt, Germany.

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“. Економската криза во Париз може да го загрози еврото, а политичката нестабилност ја влошува состојбата, според „Политико“.

– Имате моќ да ја соборите владата, но не и да ја избришете реалноста – рече Франсоа Бајру пред гласањето за недоверба на 8 септември, предупредувајќи дека францускиот долг станува неподнослив и сè поскап.

Франција е меѓу најзадолжените земји во ЕУ, надмината само од Грција и Италија по односот долг-БДП. Со годишни трошоци од 67 милијарди евра за камати, таа мора да го намали дефицитот на 3% за да ги исполни правилата на ЕУ. Но, мерките за штедење се политички непопуларни, а синдикатите закажаа генерален штрајк за 10 септември.

– Еврозоната не е стабилна – вели Фридрих Хајнеман од Центарот Лајбниц, истакнувајќи дека политичката криза во Франција го влошува растечкиот долг.

Европската Комисија, според Хајнеман, придонела за проблемот со попустливост кон Франција, водена од страв од популистите.

– Франција го искористи својот фискален простор, за разлика од Германија – додава тој, нагласувајќи ја потребата од реформи во социјалниот систем и намалување на трошоците.

Финансиските пазари се надеваат на интервенција од ЕЦБ, но Хајнеман предупредува дека таа надеж може да биде нереална. Каматните стапки на француските обврзници достигнаа 3,5%, наспроти 2,7% за германските.

– Засега, проблемите се ограничени на Франција, но ако кризата се продлабочи, може да се прелее низ ЕУ – вели Ендру Канингем од „Капитал економикс“.

Политичкиот ќорсокак, со поделениот парламент и притисокот врз Емануел Макрон, ја комплицира ситуацијата. Дури и неговото заминување не би ги решило проблемите, бидејќи новите избори веројатно би донеле сличен хаос, анализира „Политико“.

– Не сум видел толку неизвесност од 1968 – вели Ерик Шејн, поранешен економист во AXA, потсетувајќи на протестите од 1968 година.

Макрон, кој ветуваше економски реформи, се соочува со неисполнети очекувања и растечки притисок од популистите. Франција е пред ризик од целосна криза, а решението останува неизвесно.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top